Press "Enter" to skip to content

Совети од лабораторија: LDH – Лактат дехидрогеназа, прогностички знак како ќе се одвива ковид-19

Авторот е дел од тимот на ПЗУ “Д-р Костурски“ во Битола, во дијагностичкаta биохемиска лабораторија.

Досега сигурно сте ја забележале ознаката на овој ензим на вашиот лабораториски упат затоа што во последно време заради пандемијата со Ковид 19 особено важни се покажаа концентрациите на овој ензим како прогностички знак за тоа како ќе се одвива заболувањето кај пациентот.

Laktat dehidrogenaza (LDH) е ензим кој учествува во процесот на претворање на јаглените хидрати (шекери( во енергија која ја користат нашите ќелии за свои потреби.

Овој ензим е присутен скоро во сите ќелии но најголеми концентрации се најдени во црн дроб, срце, мускули, бубрези, бели дробови и крвните клетки. LDH се испушта од овие клетки во случај на нивно оштетување па така можеме да детектираме оштетувања на ткивата. Концентрацијата на LDH се одредува во примерок на венска крв, мокрача и ликвор (мозочна течност).

Овој ензим е доста сложен во својата структура па така кај него разликуваме неколку подвидови на LDH ензим кои се концентрираат во различни ткива и кои ги викаме изоензими. Ниски вредности на LDH се многу ретки и обично не се штетни за нашиот организам. Од друга страна зголемените вредности на овој ензим укажуваат на на некое акутно или хронично оштетување на клетките.

Постојат одредени фактори на ризик кои можат да доведат до зголемување на вредностите на овој ензим. Така луѓето кои конзумираат алкохол можат да имаат зголемено ниво на ензимот, оние кои се храната со многу масна исхрана, дојабетичарите можат да покажат знаци на зголемено ниво на ензимот. Злоупотребата на лекови од типот на анестетици, аспирин, флуориди, митрамицин како и употребата на различни оопијати и дроги во мошне краток рок ќе го подигне нивото на LDH во крвта. Повреда на ткивата како рани и нагмечувања на меките ткива можа исто така да го подигне нивото на ЛДХ во крвта како и тешкиот физички напор.

Како индикатор на заболувања овој ензим е корисен во дијагностицирање на многу болести како мозочен удар, срцев инфаркт, одредени тумори, хемолитичка анемија, инфективна мононуклеоза, вирусни хепатитиси, низок крвен притисок, мускулна слабост (дистрофија), панкреатит и повреди на мускулите. Од друга страна витаминот Ц многу поволно делува на намалување на нивото на ЛДХ во крвта.

Овој параметар кај одредени заболувања има своја динамика на испитување, што значи дека се испитува во точно одредено време од заболувањето за да можа да се користат неговите вредности. Исто така е важно дека дека неговите вредности најчесто се разгледуваат во контекст на други параметри кои ја цртаат целосната здравствена состојба на пациентот.

Во контекст на заболувањата на Ковид 19 ќе забележите дека на вашиот лабораториски упат е наведен ЛДХ како параметар на испитување. Докажано е дека кај 60 -92% од пациентите заболени од Ковид 19 овој параметар е повишен. Тоа е во контекст на тоа што белите дробови се зафатени од ова заболување па концентрацијата на овој ензим расте. Доста добар е како параметар за пратење на клиничката слика на пациентите заболени од Ковид 19 и прогнозата каков би бил исходот од заболувањето.