Press "Enter" to skip to content

Љубителите на снегот и планината од Битола, денес и утре бесплатно на жичара до Копанки

Денес, сабота, започнува со работа ски-центарот “Копанки“, а жичарата ќе работи од 9 до 16 часот. 

Жичарата ќе работи во тој период, денес и утре, бесплатно за сите љубители на снегот, скијањето и планината од Битола, но со предупредување дека услови за скијање има на дел од ски патеката.

-Во очекување на новите врнежи од снег и создавање на идеални услови за скијање,  ве молиме за прилагодување на условите на скијалиштето поради вашата безбедност, со оглед на тоа што на дел од ски патеката “Копанки“ се создадени само минимални услови за скијање, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.