Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: зимска депресија во време на пандемија, како да се надминат симптомите

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Зимска депресија е сама по себе многу тешка, но пандемијата со корона вирусот, изолацијата, стравот и стресот можат додатно да ја компликуваат ситуацијата. “Новото реално“ кое донесе промени во секојдневните односи меѓу луѓето и секако ја зголеми осаменоста, оттуѓеноста меѓу луѓето стана поголема како резултат на социјалната изолација, намалени контакти, повеќе време да се поминува дома.

Одржувањето на социјалната дистанца може дополнително да го зголеми проблемот со кој се борат голем број на луѓе – сезонско афективно пореметување или т.н. зимска депресија.Зимската депресија се поврзува со годишното време. Зимскиот период кога деновите се кратки, со помалку сончева светлина. Потоа помалку сме физички активни, а јадеме храна која е со повеќе јаглени хидрати и масти особено за време на празниците, како и вишок на слободно време (исто заради празниците) кога и повеќе се чувствуваме осамено, односно помала количина на сончева светлост носи со себе и специфични симптоми од кои најкарактеристични се:
– поспанст и општо нерасположние
– замор, кој се јавува и после долгочасовно спиење
– губење интерес за вообичаените активности,
– промена на апетит и потреба за внесување на јаглени хидрати, што неретко влијаат на промена на тежината,
– слаба концентрација и раздразливост,
– потреба за подолг сон кој не одмара,
– потреба за осамување.Причини

Заради недостатокот на сончева светлост невро трансмитерите кои се одговорни за лачење на хормонот на расположение (мелатонин и серотонин) се лачат во помала количина, и доведуваат до лошо расположение. Клучно е излагање на дневна сончева светлост.

Зимска депресија и пандемија

Симптомите на зимска депресија се засилени заради пандемијата. Во контекст на пандемијата и заштитните мерки од една страна и соочувањето со сезонското афективно пореметување – зимска депресија од друга страна се препорачува:
– прошетки во природа на отворено и излагање на сончева светлина.
– здрави животни навики пред се добар сон и здрава исхрана
– спорт

Ако чувствувате страв од изложување на ризик да се заразите со вирусот при спортување и близок контакт со помали групи на луѓе, пешачете или долги прошетки во природа.Постпразнична и зимска депресија

Со постпразничната депресија се појачуваат симптомите на зимската депресија кога и повеќе може ја чувствуваме осаменоста. Чувството на тага, осаменост, незадоволство поради завршувањето на празничната сезона (која за многумина е најубавиот период во годината), и враќање на секојдневниот ритам, може да предизвика симптоми на блага депресија

Нагласување на празниците покрај шопингхоличарска атмосфера, тука се и заедништво со семејството, блиските. Опкружени со сликите, реклами на билборди, магична атмосфера, прекрасни мелодии кои упатуваат на тоа дека би требало да сте расположени, радосни, вљубени, имате среќно семејство, богата трпеза.

Но, тоа не е често во нашите домови. Обично пред и за време на празниците како да сме сите под стрес да бидеме средени, дотерани, домот да ни биде украсен, трпезата богата. Често во тој период купуваме и од повеќе од колку што ни треба. Во овој период често и досега причина за несогласувања со роднини, пријатели. На семејните собири или слави
доаѓа до расправии, на семејните собири или слави кога некој едвај чека некого да “пецне“ за било што на личен или животен план.Новогодишни празници во време на пандемија

Оваа година празнување во време на пандемија кога се нагласуваше дистанцирањето и помалку лични контакти доведе до осамување. Оваа година празници во време на прославување на сосем поинаков мачин, различно ја доживуваа личностите во однос на структурата на личност екстровертност – интровертност.

Ектровертни или интровертни личности различно ја доживуваат социјланата изолација. Ектровертните личности енергијата ја полнат во дружањето и контакти со другите луѓе и нив секако потешко им паѓаат спроведените мерки особено за време на празници кога сакаат дружење, гушкање…

Интровертните личности енергијата ја полнат од својот внатрешен свет на мисли и чувства, помалку или не им смета да бидат сами, осамени.

Социјалните контакти во време на пандемија

Пандемијата можеби и го зеде данокот на навики за помалку дружење, но за некои личности можеби и изговор да не се дружат или намалат социјални контакти со други луѓе. Ова однесување кое може да биде сфатено како манипулативно, исто така доведува и до разочарување во односите меѓу пријателите, кое може и да ги зголеми чувствата на разочарување, незадоволство, тага, осаменост.Важно!

Пандемијата кај многу луѓе и доведе до појава на депресија и зголемена анксиозност, а мерките на физичка дистанцирање и изолација не се здрави за нашата психа. Треба да се нагласи дека сосема нормално е да се чувствувате анксиозно, без волја и раздразнето. Да се чувствувате тажно, депресивно.

Затоа:

-редовно комуницирајте и опкружете се со пријатели кои ве исполнуваат со позитивна енергија и на кои може да им се доверите кога се чувствувате лошо.

-јавите му се на оној кој ви недостасува и искрено кажете му го тоа.

-разговарајте со блиска личност кога се чувствувате разочарано, осамено, тажно.

-понекогаш е доволно некој само да ве ислуша, па веднаш да ви биде полесно.

-направете си нешто убаво за себе, угодете си, правете нешто што ве прави радосни, среќни.

-слушајте музика, читајте, гледајте некој забавен филм….

-побарајте и стручна помош ако се чувствувате подолго време тажно, разочарано и депресивно.

-секоја прилика користете ја за прошетки во природа.