Press "Enter" to skip to content

“Совршеното дете“ од Лусинда Бери и “Еднаш и тогаш“ од Морис Глицман најчитани книги во Библиотеката

НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола информира за најчитаните книги кои ги избрале битолчани за време на празниците и зимскиот распуст.

Во одделот за возрасни најбарани и најчитани се книгите „Совршеното дете“ од авторката Лусинда Бери, „Зима со мирис на капини“ од Сара Џио, „Напишано со каење“ на Али Мартинез, „Господар на сенките“ од Донато Каризи и „Четиринаесеттата колонија“ чиј потписник е авторот Стив Бери.

Од битолската Библиотека информираат дека за време на зимскиот распуст посебно активни биле младите и децата, а најбарани и најчитани книги во одделот за деца биле „Еднаш и тогаш“ од Морис Глицман, „Момо“ од Михаил Енде, „Мачки детективи“ – дело на Александро Гати и Давиде Моросиното, „Јавачот на божилак“ од Горјан Петревски, како и книгата „Јас сум Миа“ која за децата ја напиша Јана Мишо.

More from КултураMore posts in Култура »