Press "Enter" to skip to content

Реми на Еурофарм Пелистер од Битола на првата контрола во Целје, Словенија

Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 26:26 (9:12)

Спортска сала: “Златорог Арена“ – Целје

Целје Пивоварна Лашко: Штрасер (1 одбрана), Габершек (7 одбрани), Цветко 2, Разгор 4, Цокан 2, Качичник 1, Грошељ 2, Потеко 1, Чепиќ 2, Јанц 2, Хоржен 5, Кнез, Млакар 2, Лебан, Начиновиќ 3

Еурофарм Пелистер: Чаневски (12 одбрани), Трајковски (2 одбрани), Мараш 2, Ојлески 3, Кукуловски 1, Атанасиевиќ, Мандалиниќ 7, Стјепановиќ 2, Радовиќ 1, Периќ 3, Вегар, Кукоски, Граџан 5, Ѓукиќ 2.

На првиот натпревар од трите планирани на мини турнејата на Еурофарм Пелистер од Битола, во Хрватска и Словенија ремизираше против првакот на Словенија Целје Пивоварна Лашко 26:26, полувреме 9:12.

Двете екипи имаа подобра игра по едно полувреме, битолчани во првото и на Словенците во второто полувреме, што се гледа и по резултатот, Еурофарм Пелистер на крајот од првото полувреме имаше +3, 9:12, а до крајот на натпреварот домашната екипа успеа да го анулира за на крај да биде реми.

Еурофарм Пелистер по нартпреварот веднаш се враќа во Загреб, Хрватска.

More from БитолаMore posts in Битола »