Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во Битола се 7 позитивни на корона вирус.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 658 оздравени пациенти, а починати се 14 лица.
Со денешните бројки во Битола досега биле или се позитивни 3.185, а активни 226 случаи.
Во ЦЈЗ Битола се напраени 55 ковид тестови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.124, бројката на оздравени пациенти е 76.045, на починати е 2.768, а бројот на активни случаи изнесува 11.311.