Press "Enter" to skip to content

Отсекот за превенција ги информира возачите за измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

Во Битола на  ул. „8 Септември“, во близина на Технички преглед АМД „Ѓорги Наумов“, реализирана е превентивно – воспитна акција по насоки од МВР, на тема: „Безбеден сообраќај во зимски услови“ и проектите на Отсекот за превенција: „Полицијата и граѓаните – заедно“ и „Учествувај безбедно во сообраќајот“.

За време на превентивната акција на возачите на моторни возила беа информирани во врска со измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП).

Имено, на возачите им беше укажано дека според чл. 344 став 1 од ЗБСП, од страна на полициски службеник ќе се исклучи возило од сообраќај кое не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важноста на сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност, или кое нема пропишани регистарски таблици, до утврдување на трехничка исправност на возилото.

Исто така, за време на превентивната акција на возачите на моторни возила им беа делени флаери во врска со претстојната зимска сезона .

Во интерес на безбедноста на граѓаните Секторот за внатрешни работи Битола апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на управување на возило под дејство на алкохол, приспособување на брзината спрема условите, состојбата на патот, ограничувањата, како и паркирање на места кои се определени за таа намена, со цел нормално и непречено одвивање на сообраќајот.

СВР Битола и во наредниот период ќе продолжи со преземање на засилени мерки и активности во сообраќајот, со цел непречено одвивање на истиот.