Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола претежно облачно, попладне со дожд

Денес, сабота, 23 јануари, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно облачно, од попладневните часови ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 10°С.

Утре, недела, 24 јануари, времето во Битола ќе биде претпладне прoменливо облачно со сончеви периоди. Попладне, а особено во вечерните и ноќните часови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 11°С.