Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола, еден позитивен на ковид-19, оздравени 3

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од кои во Битола се 3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови во Битола има 3186 лица позитивни на ковид-19, а активни се 224 случаи.

Во ЦЈЗ Битола се направени 33 тестови.