Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: оштетено патничко возило, одземени пари со закана

На 22.01.2021 во 10.46 часот во СВР Битола, Н.Х. (62) од с.Крани, ресенско, пријавил дека на бул. „1-ви Мај“ во Битола непознат сторител со остар предмет го оштетил патничкото возило „фолксваген пасат“ со ресенски регистарски ознаки, сопственост на неговиот син А.Х.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
На 22.01.2021 околу 23.40 часот во СВР Битола, Д.Т.(68) од Битола пријавила дека во објект  на ул. Методи Трајковски две лица со закана  одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.