Деволи – Пелистер 2:3
Фудбалерите на Пелистер од Битола ја започнаа серијата на пријателски средни во зимските подготовки, кои ги одработуваат во Битола, под Тумбекафе. Денес имаа гостување во Корча, Албанија, каде ја победија домашната екипа Деволи, со 2:3.
Пелистер со засилено темпо се подготвува за пролетните предизвици во ПМФЛ, затоа што по првиот дел се наоѓа во незавидна ситуација и доколку сака да остане во елитата ќе мора да се надмине себеси и да започне да бележи подобри резултати.