Press "Enter" to skip to content

Денес оздравени 60 битолчани од ковид-19, само еден позитивно на ковид-19, 165 активни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.466 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 од кои само едло лице од Битола е позитивно на корона вирус.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1731 оздравени пациенти од кои во Битола се 60, во ЦЈЗ Битола се направени 56 ковид тестови.

Во Битола фо сега има 3.187 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 165 случаи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78.154, на починати е 2.785, а бројот на активни случаи изнесува 9.715.