Press "Enter" to skip to content

Пелистер со нова “стотка“ го победи Кожув во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Кожув 102: 81

портска сала “Боро Чурлевски“ во Битола, играно без публика

Судии: Давидов, Бошковски и Петровски 

Пелистер: Стајиќ 21, Малешевиќ 19, Кесар 21, Трајковски 10, Калахан 11, Најдовски, Вилијамс 13, Начевски 7, Јовановски, Михајловски.

Кожув: Силаџи 27, Караџовски 14, Симоновски 8, Станојевиќ 8, Скот 3, Петров 10, Пајиќ, Шалев 2, Дуев,  Бешлиовски, Лок 9, Божинов.Кошаркарите на Пелистер од Битола продолжија со победите изразени со повеќе од 100 постигнати поени, а вечерва во Битола убедливо ја победија екипата на Кожув со 102:81. и остануваат лидери на табелата во Првата кошаркарска лига.

Само првата четвртина беше рамноправна со рамноправна игра и со резултатска неизвесност, а по 10 минути игра беше само два поени предност за Пелистер 26:24.

Втората четвртина беше целосно во знак на Пелистер, а само во таа четвртина беше 36:20, а на одмор кошаркарите отидоа со резултат 62:44, што веќе беше знак дека бодовите и победата остануваат во Битола. На стартот од второто полувреме домаќинот продолжи со „убиствениот“ напад и дојде до највисоките дотогаш +22 само по три минути игра. Кожуф успеа делумно да се врати до -13, а на крајот од третата четвртина резултатот беше 85:66.Последната четвртина заврши со резултат 17:15 за Пелистер, иако на момент имаше и +28 кошеви предност, а крајниот резултат беше +21 за Пелистер, за нова победа со “стотка“ над Кожув.Најефикасен играч на Пелистер беше Кесар и Стајиќ кои постигнаа по 21 поен. 

More from СпортMore posts in Спорт »