Press "Enter" to skip to content

Чествување по повод 70 години од смртта на Павел Шатев на Светонеделските гробишта во Битола (фото)

Со панихида во гробиштата “Св. Недела“ во Битола и историски час, ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја одбележа 70 годишнината од смртта на великанот на Македонската револуционерна борба Павел Шатев. По завршувањето на богослужбата во знак на почит беше положено и цвеќе на гробот на Павел Шатев, од страна на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ – Олга Лозановска, претставници на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, претседателот на УМС – Марко Јосифовски и други.Историчарите Александар Јаневски и Горѓи  одржа еден краток говор за животот и делото на Павел Шатев.Павел Шатев целиот свој живот го посветил на Македонија и со своето дело давал пример како да се постигни целта, независна Република Македонија. Павел Шатев бил член на ВМРО, бил гемиџија и учесник во Солунските атентати и еден од основачите на ВМРО-Обединета. Учесник и делегат на АСНОМ и првиот министер за правосудство на Македонија. Павел Шатев бил осудуван и затворан од Османлиската власт, потоа од Бугарските фашисти, а и од властите во повоена Македонија. На 30 јануари 1951 година во Битола, го завршува својот живот.

More from ВестиMore posts in Вести »