Во Битола доаѓале по разни поводи многу значајни личности од светски калибар, од разни области, државници, актери, врвни музичари, но доаѓале и врвни спортисти, а за еден од нив ќе кажам “некој збор“ во оваа рубрика “Деновиве пред 10 години“, односно за Битола пред 10 години врз основа на настани, луѓе, започна со своите раскажувања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.-Да дојде во Битола некој кој е врвот во неговиот спорт е исто како во Битола да дојде со Пелистер да игра Реал Мадрид и Баерн, или во ракометот Флензург, ПСЖ… Во Битола на покана во будо центарот дојде најголемиот светски мајстор во реален аикидо, а не кои со право го нарекуваат и “татко“ на реалниот аикидо Љубомр Врачаревиќ. Секако на покана на неговиот пријател, тука во Битола, на мајсторот во реален аикидо и џудо, Ѓуро Илиќ, вели Миновски.
-Голем настан за спортска Битола, посебно за љубителите на боречките вештини, а во Битола тој викенд во февруари ги имаше од цела Македонија. Семинарот кој го одржаа заедно со Гуро Илич ќе го паметат сите кои беа тука, а советите кои ги добија од “прва рака“ од мајсторот Врачаревиќ, ќе ги применуваат постојано.
Со него во Битола беше и неговата ќерќа Ана Врачаревиќ, кој по прераната смрт на нејзиниот татко во Белград, Србија, ја продолжува неговата работа, го води нивниот центар за боречки вештини, а ја продолжи и соработката со Гуро Илиќ и по разни поводи доаѓа во Битола.
Миновски, кој е воодушевен од тоа како Љубомир Врачаревиќ го пренесувал неговото знаење на учениците вели дека за него може да се зборува и пишува долго време, а како рече ќе кажа само неколку зборови:
-Љубомир Врачаревиќ, мајстор за реален аикидо основач и зачетник на реалниот аикидо кај нас и носител на титула “10 Дан“. Го оформи Светскиот Центар за реален аикидо во Белград кој е прв и единствен во светски рамки и му даде друга димензија на аикидото како боречка вештина на овие простори во бивша Југославија. Тој сигурно увидел дека нашите навики, култура на живеење, животни принципи и филозофија се различни од оние во Јапонија. Тргнувајќи од тоа тој ги прилагодил овие вештини за наше тло и го нарекол реален аикидо. Со отворањето на светскиот центар тука се обучувале други тренери и обучувачи кои го ширеле реалниот аикидо прво низ цела СФРЈ, а потоа и во други држави. Тука на почетокот биле социјалистичките како СССР, а потоа и сите други земји низ целиот свет.

Деновиве пред 10 години: мајсторот Љубомир Врачаревиќ гостин на мајсторот Ѓуро Илиќ во Битола
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Гордана Цветковска-Бошевска, спортист на Битола за 2010 година
- Битола, понеделник наутро, сончево, -15 степени, 30-тина сантиметри снег (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: конкурс за расказ “Владимир Костов“ (фото)
- ЈП “Комуналец” Битола: граѓаните да пријават паднати дрвја и оштетување на уличното осветлување
- Кафе “Кеопс“ во Битола, филџан кафе во домашна атмосфера, дополнет со “monin late“ вкусовите
More from СпортMore posts in Спорт »
- Велковски: повредата минато, се подготвуваме за најдобриот Татран Прешов
- Тројца младинци, средношколци, Гуцевски, Ристевски и Марковски дебитираа за Еурофарм Пелистер
- Денес избор на спортист на Битола за 2020 година
- Еурофарм Пелистер со тројца младинци од Битола го помина осминафиналето од Купот (фото)
- ЖФК Топ Гол ја промовираше новата спортска опрема “Uhlsport“ (фото)