-Пред десет години во февруари 2010 година во Битола, во Педагошкиот факултет се одржа пригодна свеченост на која присуствував и јас, со голема чест, каде беа доделени наградите именувани во чест на големиот битолски писател и мој пријател Владимир Костов, редок случај на именување на награда по жив човек, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, за настаните кои се случиле пред 10 години во Битола.Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола и Педагошкиот факултет по повод светскиот ден на лингвистичката и културната разновидност и мултилингвизам беа повод да се доделат наградите за краток расказ “Владимир Костов“ и да се апелира кон почитување на важноста на мајчиниот јазик, како и кон јазичната разновидност, особено во системот на образованието.
-Имено, по иницијатива на Педагошкиот факултет и со поддршка од Универзитетот беше распишан Конкурс за краток расказ “Владимир Костов“ на слободна тема во три категории: за професори, соработници и студенти од Универзитетот “Св. Климент Охридски„ – Битола, а во конкурсната комисија беа проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Јордан Стојановски и проф. д-р Димитар Пандев, вели Миновски за доделувањето на наградите пред 1о години.
На настанот беа и претставници од Друштвото на писателите на Македонија, Битолскиот книжевен круг, Македонското научното друштво, почитувачи на делото на писателот Владимир Костов од академската јавност, а свои обраќања имаа тогашниот ректорот, проф. д-р Златко Жоглев и професорот Владимир Костов.
-Ретки се кај нас случаите не која книжевна награда или институција да го носи името на жив писател. Еве, тоа на мое изненадување се случува и со моето име, кое, ставено меѓу наводниците ме приближува кон статусот на заслужен деец од областа на литературното творештво, ќе каже тогаш писателот Владимир Костов, кој зборуваше за поимот краток
расказ и тајните за неговата ус пешност.

Деновиве пред 10 години: конкурс за расказ “Владимир Костов“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Гордана Цветковска-Бошевска, спортист на Битола за 2010 година
- Битола, понеделник наутро, сончево, -15 степени, 30-тина сантиметри снег (фотогалерија)
- ЈП “Комуналец” Битола: граѓаните да пријават паднати дрвја и оштетување на уличното осветлување
- Кафе “Кеопс“ во Битола, филџан кафе во домашна атмосфера, дополнет со “monin late“ вкусовите
- СВР Битола: пријави за напад, напад на полициски службеник, сообраќајни контроли
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: комшија пријавил физичка пресметка со комшивката
- Денес 11 нови позитивни на ковод-19 во Битола, оздравени 4, во болница 29, активни 168 случаи
- Велковски: повредата минато, се подготвуваме за најдобриот Татран Прешов
- Билтен на МВР: при претрес пронајдена дрога во Битола
- Тројца младинци, средношколци, Гуцевски, Ристевски и Марковски дебитираа за Еурофарм Пелистер