Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Гордана Цветковска-Бошевска, спортист на Битола за 2010 година

-За спортист на Битола, според Сојузот на спортови на Битола за 2010 година беше прогласезна Гордана Цветковска-Бошевска, за најдробра екипа е прогласена екипата на Ракометниот клуб Пелистер, а посебно признание доби и Звонко Шундовски, ракометен тренер, вака го започна своето сеќавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарстсво.-Сојузот на спортови на Битола, на чие чело су јас, да бидеме реални не може да се пофали со којзнае каква актовност, но двете манифестации кои ги прави ноќната трка и изборот на спортист на Битола ги прави традиционално повеќе од половина век, а сега кога ќе ги прогласиме најдобрите за 2020 години, во оваа рубрика се потсетуваме како беше пред 10 години, вели Миновски.Изборот се одржа во хотел “ Епинал, со свечена седница на Управниот одбор на Сојузот на спортови на Битола, на која на свечен начин беа доделени наградите и признанијата на најдобрите поединци и екипи, а престедател беше Силјан Мицевски. За најдобар спортист беше прогласена кик-боксерката на КК Самурај, Гордана Цветковска-Бошевска, поради третото место на Европското првенство и петтото место на Светското првенство одржаниво 2010 година.Потоа следуваа: Тони Бошевски (КК Самурај), Владица Брдаровски (ФК Пелистер), Златко Димитровски (РК Пелистер), Христијан Илиевски (МК Пелистер), Зоран Лазаревски (Фитнес студио Палјо), Александар Најдовски (БК Пелистер), Тања Вељановска (АК Олимп), Иван Крстевски (КГС Партизан) и Симона Николовска (ЖФК Топ-гол).За најдобра екипа во сениорска конкуренција е прогласена екипата на Ракометниот клуб Пелистер за учеството во Купот на ЕХФ каде стигна до третото коло, а беше елиминирана од шпанскиот ракометен гигант Адемар Леон.На свеченоста беа доделени и неколку посебни признанија, а за најдобра спортистка со инвалидитет е прогласена Оливера Наковска-Бикова.За тренер на годината е прогласен Звонко Шундовски заради успесите со РК Пелистер и заради тоа што е на селекторската функција на Ракометната машка репрезентација.Посебни признанија добија: Вера Велјановска и Благој Митревски, Цане Георгиевски, меѓународен АИБА боксерски судија и Миливој Груевски поранешен државен првак на Југославија во 1957 година во стрелаштво и навивачката група “Чкембари“ за јубилејот 25 години постоење, добија посебни признанија.За најдобри млади спортисти и надежи на битолскиот спорт дипломи добија Мартина Боглева, Владимир Петровски, Христијан Драгарски, Александра Караицовска, Мартина Шипинкаровска, Ана Ивановска, Милена Крстевска и Димитар Кимовски, Теодора Шаклевска, Елена Цветановска, Марија Трајковска, Александар Жоглев и Драган Думевски.

More from БитолаMore posts in Битола »