Press "Enter" to skip to content

Д-р Ана Ристевска, сопственик и управител во “Јавен Адвертајзинг“ Битола: покрај мене имам тим со кој растеме како ИТ компанија

Жанета Ристевска

Повод за разговор со Ана Ристевска сопственик и управител во “Јавен Адвертајзин“ од  Битола е одбележување 3  успешни години постоење на пазарот  како ИТ едукативна институција,  софтверскакомпанија која се занимава со креирање на веб страни, софтверски решенија и продажба на сопствени равиени софтвери. Разговорот со Ана Ристевска го направивме во просториите на “Јавен Адвертајзинг“ во “Пелагонка 2“ . Во современо опремени простории  за едукативни обуки од ИТ сектор, ми падна во очи еден напис „Follow your dreams…“(Следи ги своите соништа…“). Асоцијациј на успешна приказна, млад претприемнички  дух  кој ги следи своите соништа… Ана се надоврзува:

-Многу од нашите кандидати ги остваруваат своите соништа и го работат она што го сакаат почнувајќи од тука… Во “Јавен Адвертајзинг“ имаат завршено повеќе од 1.000 студенти, и може да кажеме дека голем број од овие студенти веќе се вработени во ИТ компании, исто така голем дел  унапредени на својата работна позиција или пак работат како фриленсери на надворешни проекти. . Постојано се радуваме на успесите на нашите студенти, бидејќи тие се и наши успеси, и токму преку тоа се гледа квалитет на програмите во обуките кои што ги нудиме.“Јавен Адвертајзинг“  е регистриранa и верифициранa институција за образование од страна на Министерството за образование и наука и Центар за образование на возрасните, која нуди обуки од областа на информатичките технологии, дигиталниот маркетинг и графичкиот дизајн. Ана  Ристевска е доктор на науки од областа на маркетинг, млад претприемач, сопственик и управител на“Јавен  Адвертајзинг“. Ја започна својата  приакзна за  своето образование и работно искуство….-Докторирав на 26 години на Економскиот факултет Прилеп, отсек маркетинг, а додипломски и магистерски студии завршив на Менаџмент на информациски системи, сегашен ФИКТ. Пред да ја основам “Јавен Адвертајзинг“, 4 години работев во скандинавска компанија на работното место маркетинг кооординатор и одговорна личност за дигиталниот маркетинг, а пред тоа уште 4 години како асистент на генералниот директор во “Цермат“ Битола. Истовремено, бев соработник и во “Бизнис Академија Смилевски“, а последниве 3 години сум доцент во БАСИМ во наставната област Иновативен менаџмент. Досега имам учествувано на преку 50 конференции, симпозиуми, работни самити и школи низ цела Европа, а имам приближно и толку напишани свои трудови од областа на дигиталниот маркетинг и дигитализацијата во различни области. Целокупното вложување во знаење, како и работното искуство во реномирани и големи компании придонесе да станам претприемач и да основам сопствена компанија.Јавен Адвертајзинг“ ИТ едукативна институција. Кажете ни повеќе ?

-Јавен Адвертајзинг постои на пазарот повеќе од 3 години, и на пазарот функционира како ИТ едукативна институција, а воедно и како софтверска компанија која се занимава со креирање на веб страни и софтверски решенија, како и продажба на сопствени равиени софтвери. “Јавен Адвертајзинг“ е верифицирана институција од Министерството за образование и наука, и од Центарот за образование на возрасните. Во “Јавен Адвертајзинг“ имаат завршено повеќе од 1000 студенти, и може да кажеме дека голем број од овие студенти веќе се вработени во ИТ компании, се унапредени на својата работна позиција или пак работат како фриленсери на надворешни проекти. Имаме склучено соработки со локални ИТ компании каде ги препорачуваме нашите студенти за вработување и пракса, а воедно и после завршување на обуките ги советуваме и насочуваме нашите студенти во процесот на вработување. Постојано се радуваме на успесите на нашите студенти, бидејќи тие се и наши успеси, и токму преку тоа се гледа квалитет на програмите во обуките кои што ги нудиме.

Додека, во делот развој на веб страни и софтвери досега имаме остварено многубројни соработки со локални компании, но и со компании, општини и организации од целата земја. Од софтверите кои ги имаме развиено и кои ги продаваме на домашниот пазар може да ги спомнам софтверот за материјално работење, архивско работење, софтвер за транспорт, за човечки ресурси итн. Воедно, сме и компанија која беше поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој.За својот тим, вработени во “Јавен Адвертајзинг“

-Сите вработени во “Јавен Адвертајзинг“ се професионалци во својата област и зад себе имаат соодветно искуство во програмирањето и дигиталниот маркетинг. Успехот на “Јавен Адвертајзинг“ се должи на целиот тим и на сите нивни напори секогаш да имаме задоволни студенти и клиенти. Сите вработени посветуваат  доста време во унапредување, во совладување на нови технологии кои излегуваат на пазарот, а се флексибилни согласно потребите кои што се јавуваат.  Среќна сум што имам покрај мене тим кој цело време е во потрага на нови и иновативни решенија кои можеме да ги понудиме на пазарот, а воедно и да растеме како ИТ компанија.Кои обуки ги нуди “Јавен Адвертајзинг“?

-Јавен Адвертајзинг нуди повеќе од 30 различни обуки од областа на програмирањето, дигиталниот маркетинг, графичкиот дизајн, бази на податоци, основи во компјутерското работење, како и џуниор обуки за програмирање и графички дизајн наменети за деца +8 години. Меѓу најпосетуваните обуки се обуките Веб програмирање, PHP програмирање, AVA програмирање, Софтвер Тестер, Графички дизајн, Дигитален маркетинг и SEO, Full Stack програмирање, напреден Excel, основи во компјутерско работење итн. Постојано работиме на воведување на нови обуки согласно побарувачката на пазарот и трендовите во ИТ индустријата.Соработка меѓу “Јавен Адвертајзинг“, образовна институција од Битола и синдикатот на РЕК “Битола“. Кажете повеќе?

-Пред некој месец склучивме и меморандум за соработка со синдикатот на РЕК “Битола“, една од најголемите организации во нашиот град, што е на наше големо задоволство. Соработката се однесува на спроведување обуки за вработените од РЕК “Битола“ и тоа обуки за унапредување на компјутерското работење, како и реализирање на напредни обуки согласно потребите. Целиме кон долгорочна и успешна соработка, и се разбира да имаме задоволни вработени од РЕК кои ќе добијат обука согласно нивните потреби.Поради новонастанатата ситуација со пандемијата и заштита на јавното здрaвје, како “Јавен Адвертајзинг“ ги организира своите обуки?

-На почетокот на пандемијата “Јавен Адвертајзинг“ беше единствена институција која веднаш ги префрли сите свои обуки онлајн и тоа во еден од најсигурните софтвери за онлајн комуникација на интернационално ниво, и тоа Adobe Connect. Во овој период  студентите имаат избор, односно може да бираат дали ќе учествуваат на обуките со физичко присуство во помали групи со почитување на сите правила за безбедност, или пак онлајн. “Јавен Адвертајзинг“ користи софтвер кој е специјално креиран за онлајн учење. Часовите се одвиваат во реално време со реални професори и искуството е исто како во реална училница. Активностите се одвиваат паралено, се поставуваат прашања, се развива дискусија, се споделуваат екрани, односно целиот процес на учење се одвива непречено.  Јавен Адвертајзинг се залага за целосна дигитализација на образовниот процес, како и унапредување на вештините на студентите во делот на користење на различни ИТ алатки.     Целокупната ситуација и префрлувањето на обуките онлајн придонесе да имаме голем број на студенти не само од локалното подрачје, туку и од сите градови во нашата држава.

Тука би кажала “Јавен Адвертајзинг“ освен во Битола, од оваа година стартуваше и со свое претставништво во Охрид каде исто така се одржуваат обуки од истата област. Од многубројните обуки кои ги нуди Јавен Адвертајзинг може да ги спомнеме: Full Stack Developer, Data Science, Front End Developer, PHP програмирање, JAVA програмирање, веб програмирање, дигитален маркетинг и SEO, графички дизајн (Adobe Photoshop и Adobe Illustrator) итн. во делот на користење на различни ИТ алатки.    Идни планови…

Постојано планираме воведување и верифицирање на нови обуки, но и работиме на нови софтверски проекти кои сакаме да ги понудиме на домашниот пазар, но и да се прошириме интернационално.За крај  би додала  со професионалност, ентузијазам, претприемнички  дух, Ана Ристевска, ќе  продолжи да ги следи своите соништа.  Низ своето работење заедно со нејзиниот тим тоа ќе им  го овоаможуваат и на многу други  млади луѓе.  “Jавен Aдвертајзинг“ едукативна ИТ компанија  од која не  очекуваат уште многу други успешни приказни, за кои ќе се пишува.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »