Press "Enter" to skip to content

Две злата и две сребра освои кик-бокс клубот Самурај на државното првенство во кик-бокс

Во организација на кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија во салата “Борис Трајковски“ во Скопје се одржа првото државното првенство во кикбокс за оваа година и истото беше организирано согласно протоколот за спортски натпревари во време на пандемија. Битолскиот кикбокс клуб Самурај на ова државното првенство учествуваше со тројца свои натпреварувачи: Давид Цветановски, Ева Димитровска и Леа Бошевска кои забележаа одлични резултати.Нашата репрезентативка Леа Бошевска си ја потврди титулата од претходните години и повторно стана државен првак во категоријата – 50 кг во дисциплината кик лајт и со нетрпение ги очекува настапите кои што се планирани во овој период.Давид Цветановски во категорија – 32 килограми во дисциплината кик лајт – помлади кадети освои сребрен медал и во текот на квалификациските натпревари покажа голема борбеност и со тесен резултат во финалната борба малку му фалеше да биде државен првак.

Ева Димитровска најпрво го освои златниот медал +47 категорија во дисциплината лајт контакт, а подоцна се закити и со сребрен медал +47 категорија во дисциплината кик лајт исто помлади кадети.-И покрај вонредната состојба што ги опфати сите сегменти на редовниот спортски живот и без многу можности за одржување на спортски тренинзи во сала, дел од подготовките ги спроведувавме во домашни услови па така натпреварувачите беа во добра кондициона форма и немаа поголеми проблеми во дуелите кои што ги имаа на ова државно првенство. Очекуваме оваа година да ни биде многу поисполнета со активности за разлика од минатата година и покрај со учество на домашните првенства така и на првенствата надвор од границите се разбира доколку нема поголеми попречувања согласно кризата. Зголемувањето на овие активности ќе придонесат нови искуства на натпреварувачите како и поголем мотив и желба за предизвиците кои што следуваат – ни кажаа тренерите на КБК Самурај Тони Бошевска и Гордана Цветковска Бошевска која што покрај тренер во клубот е еден и од лиценцираните судии на Кикбокс Маитаи Федерацијата на Македонија.

More from СпортMore posts in Спорт »