КБК Енерџи од Битола настапи на државното првенство во кик-бокс кое се одржа вчера во спортската сала “Борис Трајковски“ во Скопје, со настапи со 7 борци во категориитен кик-лајт, лоу-кик и К1.
Тренерот на екипата на Енерџи, Александар Димовски вели дека е задоволен поради тоа што по една година на рингот во Скопје се претставиле со вкупно 7 борци.
-Имавме седум борци кои имаа вкупно 12 борби и освоија 10 медали од кои 3 златни, 4 сребрени и 3 бронзени. Јас лично сум презадоволен од момците и девојките и сите се прикажаа во одлично издание. Сега мал одмор и повторно во салата за наредните предизвици, вели Димовски и додава:
-Убаво е да после 1 година пауза поради пандемијата повторно да се вратиме на борилиштата, а на ова државно првенство настапија многу клубови и борци во сите возрасни категории и дисциплини. Очигледно паузата ги измотивирала да тренираат и да се покажат во најдобро светло. Од организациона страна пред се инфраструктурно одлично организирано, по сите протоколи за максимална заштита и превенција со заграден простор пред борилиштата и лица е задолжени за да истите се испочитуваат.