Press "Enter" to skip to content

Цветан Кузманоски прекомандован во првиот тим на Еурофарм Пелистер, ќе го носи дресот во број 8 (фото)

Цветан Кузманоски, го официјализиран договорот со првиот тим на Еурофарм Пелистер од Битола, а во клупските простории со новиот дрес, со број 8, позираше новото лево крило.

Репрезентативецот Цветан Кузманоски во Битола дојде од Струга, а за Еурофарм Пелистер потпиша договор на три години, до јуни 2024 година. По официјализирањето на договорот Кузмановски рече:-Уште пред потписот со Еурофарм Пелистер 2 моја цел беше да заиграм за првата екипа. Еве тоа се случува порано од предвиденото и очекуваното. Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор, клуб со голема традиција и многу сум задоволен од досегашниот престој во тимот. Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија, а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи. Пофалби за тренерот Александар Јовиќ. Имавме напорна прва полусезона и покрај проблемите со корона вирусот. Напорно трениравме, се спремавме за исполнување на целта, а тоа е место во плеј-офот. Успеавме тоа да го оствариме и еве сум тука во првиот тим.

More from СпортMore posts in Спорт »