Press "Enter" to skip to content

МНД Битола: 2020 година во знак на 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески

Денес во просториите на МНД Битола се одржа прес конференција, на која за годишната програма на МНД Битола зборуваше  д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола  и потпретседателот на МНД-Битола, проф. д-р Сашо Кочанковски. Цел на прес конференцијата беше промоција на Програмата за работа на Друштвото за оваа година.

Д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола во своето излагање рече:-Главен акцент на оваа година ставивме на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот, Академик Блаже Конески, за што ќе организираме повеќе настани, а една наша идеја и манифестација е составен дел на Националната програма за одбележување на големиот јубилеј. Имено, во рамки на Националната програма за одбележување на 100 години од раѓањето на академик Блаже Конески, МНД-Битола во соработка со Педагошки факултет, при Универзитет Св.Климент Охридски- Битола на почетокот од месец јуни ќе организираме тркалезна маса на тема: „Делото на Конески – постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата.

За остантите предвидени активности Груевска рече:

акам да издвојам уште една наша активност како придонес во јубилејот, а тоа е одлуката што веќе ја донесовме, да испечатиме 1.000 примероци од изданието речник и правопис -Ајде да зборуваме и пишуваме правилно македонски кое го изработи нашиот член, лектор и писател Здравко Божиновски, и истото да го подариме на просветните работници од нашиот регион. Инаку, првата програмска активност во оваа година ќе ја реализираме веќе утревечер со онлајн научно-стручна дебата на тема “Родова еднаквост и заштита на жените од насилство, приоритет или предизвик?Потпретседателот на МНД-Битола, -Кочанковски за тоа што предвидува годишната програма врзано за здравјето рече:

рижата за здравјето на секој, а како што е познато најголемите опасности по здравјето на човекот во овој период доаѓаат од опасниот вирус Ковид-19. Во програмата предвидовме повеќе стручни предавања за јавноста, и тоа: „Зачувувување и унапредување на менталното здравје во време на пандемијата Ковид- 19“ „Човечките ресурси – столб на здравствениот систем“ Ќе организираме семинар за екологија и климатски промени, научно-стручна дискусија за еколошките кривични дела, климатските промени, правото на здрава животна средина, уништувањето на планетата Земја и Ковид-19. Вебинар на тема: Споделување на увидите на зелено претприемништво и  циркуларна економија во РСМ, Кко и работилница на тема: „Меките вештини – чекор на патот кон успехот“.

Груевска на крајот рече дека најновиот број на стручно-научното списание „Прилози“ чиј издавач е МНД-Битола ќе биде на тема „Академски погледи и истражувања за борбата против Ковид-19“, а годинава нема да заборавиме на Светскиот ден на науката кој се одбележува во ноември, а пред 61-от роден ден на МНД-Битола, ќе приредиме изложба на фотографии и ретки документи на тема „Наши Години“, со што ќе ги заокружиме сите настани посветени на јубилејот 60 години МНД-Битола.

More from КултураMore posts in Култура »