Press "Enter" to skip to content

Никола Митревски беше спортист на Битола за 2019, в петок Сојузот на спортови ќе го соопшти спортистот за 2020 година (фото)

Сојузот на спортови од Битола, в петок на 26 февруари, во салата на Народниот театар во Битола, по 56. пат, ќе ги прогласи најдобрите спортисти поединци на Битола за 2020 година, а според Ѓуро Илиќ потпретседател на Сојузот на спортови веќе се пристигнати предлози од најголем број клубови, членки на Сојузот.

-Изминатата година беше посебна на сите полиња, а секако и на спортски план. Во март се прекинаа сите натпреварувања, а во септември не заполна новите спортски сезони. Се одржаа мал број на натпревари, некои лиги се “протуркаа“, а спортистите тешко ги поминаа деновите во пандемија, надвор од спортските терени. Поради немање на лига натпревари оваа година Сојузот нема да додели екипни признанија туку само поединечни, вели Илиќ, и додава:

-Комисијата за избор на спортист на Битола денес ќе состане и ќе ги верифицира сите пристигнати предлози, а потоа ќе ги достави до Управниот одбор на Сојузот на спортови, кои ќе ја донесат конечната одлука кој ќе биде спортист на Битола за 2020 година, кои ќе бидат десетте сениори, а ќе се доделат признанија на младите спортисти. Ќе се доделат и посебни признанија за животно дело на спортисти ветерани, заслужни спортски работници, клубови и спортски здруженија. Секако ова се прави заедно со Општина Битола и градоначалничката м-р Наташа Петровска кои се поддрша на Сојузот и спортот во Битола.

Вечерва во преполниот анфитеатар на ФИКТ се одржа 55. по ред манифестација “Избор на најдобри спортисти на Битола за 2019 година“, во организација на Сојузот на спортови на Битола со поддршка на Општина Битола и градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска.

Инаку да потсетиме дека за 2019 година за спортист на Битола беше избран голманот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски. За најдобра сениорска екипа РК Еурофарм Пелистер,  најдобра младинка екипа ОК Пелистер Волеј, а посебно признание за Оливера Наковска – Бикова.

Признание за спортист ветеран за легендарниот шахист Борче Илиевски. Посебни признанија за тенискиот клуб Битола, џудо клубот Пелистер, Синдикатот на РЕК “Битола“, Игор Михајловски, Зоран Лазаров, Златко Неделковски и порталот bitolanews.

Доделени беа 38 признанија за млади надежни спортисти, кои веќе се државни прваци.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »