Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер го промовираше последното засилување, Принц Ампонсах од Гана

Претседателот на фудбалскиот клуб Пелистер Пеце Стојчевски денес во Битола го претстави најновото засилување, интернационалецот од Гана, Принц Апонсах.Напаѓачот кој пристигна од Тајланд, од вчера се приклучи на тренинзите со своите нови соиграчи и веќе му е на располагање на тренерот Димитар Капинковски. Принц Апонсах денес позираше во зелениот дрес, кој ќе го носи во следните една и пол година, во друштво на претседателот на клубот Пеце Стојчевски.

Принц Апонсах по потшишувањето на договорот за ФК Пелистер рече:-Многу сум среќен што сум тука. Сакам напаѓачки фудбал, играм на офанзивните позиции. Задоволен сум што дојдов во Пелистер, сакам да им покажам на фановите и на тимот што можам. Не знам многу за екипата, но имав време додека да дојдам во Македонија, па на Интернет гледав натпревари на Пелистер. Луѓето во клубот се љубезни, исто и соиграчите. Задоволен сум што сум тука.

Интернационалецот од Гана веројатно ќе дебитира в недела од 14:00 часот, кога во Битола гостува Ренова во натпревар од 20. коло.

More from СпортMore posts in Спорт »