Press "Enter" to skip to content

ЈП “Стрежево“ – Битола ќе гради фотонапонска електроцентрала од 500 kW

Директорот на ЈП “Стрежево“ од Битола, Менде Граматковски, денеа на прес конференција ја најави новата инвестиција, а се работи за вредност од  21.000.000,00 денари, а ќе се гради нова фотонапонска електроцентрала, а со средства кои се сопствени.-Ја најавувам изградбата на фотоволтаичната централа со снага од 500kW на сопствено земјиште. Веќе имаме добиено премиум тарифа, изработена е локална урбанистичка планска документација, земјиштето е пренаменето во градежно, и објавен е оглас за Јавна набавка за изработка на проект во сите фази. Изградбата се планира да заврши до крајот на третото или почетокот на четвртото тромесечие оваа година, рече Граматковски.Со оваа инвестиција Стрежево дополнително ги зголемува приходите на претпријатието и продолжува да вложува во “чиста“ енергија.

-Продолжуваме со реализацијата на многу тековни и иновативни проекти, со посветена и континуирана работа и максимално искористување на можностите и ресурсите со кои располагаме, заврши Граматковски.