Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи со Ковид-19, од кои во Битола има 10 нови позитивни на корона вирус.
Денес се регистрирани се 354 оздравени пациенти од кои во Битола се 2 пациенти.
Во ЦЈЗ Битола се направени 65 ковид-19 тестови, а активни се 146 случаи.
Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.