Press "Enter" to skip to content

Велковски: повредата минато, се подготвуваме за најдобриот Татран Прешов

Утре во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ќе се игра третиот натпревар од СЕХА лигата,  против Татран Прешов. Гостувањето на словачкиот шампион е можност репрезентативецот Велковски да се врати во ритам по повредата по Светското првенство.

-Очекував порано да се вратам од повредата. Сè уште заздравувам и влегувам во ритам и се надевам дека ќе бидам максимално спремен против Татран Прешов и дека ќе се вратам на нивото на кое што бев пред повредата. Одложувањето на натпреварот против Рајн Некар Левен ни отвори шанса повеќе да се спремаме за Словаците. Се подготвуваме за нивниот целокупен тим, сепак доаѓаат со играчите кои го влечат товарот во екипата. Ги анализиравме добро и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло, бидејќи натпреварот е многу важен за нас, за да го осигураме второто место во групата во СЕХА лигата, рече Велковски.