Press "Enter" to skip to content

Денес 11 нови позитивни на ковод-19 во Битола, оздравени 4, во болница 29, активни 168 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 од кои во Битола се 11.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти од Битола се 4.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19, во ЦЈЗ Битола се направени 80 тестови, во Битола до сега има 3.413 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни 168 случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.