Press "Enter" to skip to content

Бабиќ: до нова победа во Битола само со агресивна одбрана и брзо враќање во одбрана

Денес во Битола на различни страни ќе се сретнат двајца поранешните хрватски селектори, Жељко Бабиќ и Славко Голужа.  За разлика од минатата ракометна сезона Еурофарм Пелистер двапати загуби од словачкиот првак Татран Прешов, но денес во Битола,  нема да ја имаат аутсајдерската улога во дуелот со “зелените“ од Прешов.

Тренерот на битолската екипа Жељко Бабиќ за овој натпреавр рече:

-Татран Прешов е добро тренирана и добро водена екипа од поранешниот хрватски селектор, кој долго време е таму, што значи дека добро си ја работи својата работа. Во тоа не треба воопшто да се сомнева. Имаат добра транзиција и контра напад и многу добар посед на топка во напад. Тоа веќе им го нагласив на моите ракометари. Единствен начин ако сакаме да победиме е агресивна одбрана, посебно во средината, и враќање во одбрана. Натпреварот бара голем респект и ни следи тежок дуел.