Press "Enter" to skip to content

Во Битола 23 нови позитивни на ковид-19, оздравени 4

Во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19 од кои во Битола се 23.

Регистрирани се 171 оздравени пациенти од кои во Битола се 4.

Досега во земјата се направени вкупно 519.985 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.