Press "Enter" to skip to content

Гимнастичарката Рејчел Стојанов, спортист на Битола за 2020 година (мега фотогалерија)

Во салата на Народниот театар, Сојузот на спортови на Битола ги прогласи најдобрите спортисти за 2020 година, а беа доделени и посебни признанија за клубови и спортски работници.Пред прогласувањето на присутние, кои беа во ограничен број им се обрати претседателот на Сојузот на спортови Димче Миновски и заменик градоначалникот Емилија Костутрски, кои потсетувајчи на лошата година поради пандемијата за спортот посакаа оваа 2021 да биде враќање на старо и со многу спортски успеси.Спортисти на Битола е Рејчел Стојанов, гимнастичарка на  ДГС Партизан, а на тронон на првите три местас се најдоа  Стипе Мандалиниќ, ракомет, РК Еурофарм Пелистер и  Бојан Трајковски, кошарка, КК Пелистер.Следуваат Никола Бубевски,кик бокс,КБК Енерџи, Бојан Илиевски, фудбал, ФК Пелистер, Илче Спировски,стрелаштво, СК РЕК,  Ева Милевска,скијање, СК Пелистер, Стефани Најденовска,одбојка,ОК Пелистер Волеј бол, Ана Котевска, планинарство, ПСК Копанки, Теодора Бумбаровска, фудбал, ЖФК Топ гол и Симона Ѓореска, карате,КК Зан шин до.Најдобар од Сојузот на инвалиди е прогласена  Оливера Наковска – Бикова.Посебни признанија добија. Др.Владо Блажиќ– долгогодишен спортски работник, Кире Марков– долгогодишен спортски работник, Љупчо Спировски за животно дело, Петар Упалевски за животно дело, РАКОМЕТЕН КЛУБ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР Битола,ФУДБАЛСКИ КЛУБ ПЕЛИСТЕР- 75 години постоење, НАВИВАЧКА ГРУПА” ЧКЕМБАРИ”35 години постоење, ЕКСТРИМ БАЈК БИТОЛА за промовирање и афирмација на планинскиот
велосипедизам, ЖЕЉКО БАБИЌ за афирмација на РК Еурофарм Пелистер на меѓународна сцена, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски – Интернационални ракометни судии, ЗЛАТЕ ЛОЗАНОВСКИ долгогодишен Фудбалски судија.Специјално признание добија и НАТАША ПЕТРОВСКА Градоначалник на Општина Битола и СИЉАН МИЦЕВСКИ за реализација на платформата за ракометот во Битола.Никола Сотировски и Љупчо Стојановски, професори по физичко воспитување, СТЕВАН СПИРОВСКИ и КИРЕ РИСТЕВСКИ, фудбалери за пласман на Европско првенство со Репрезентацијата на РС Македонија.НАЈДОБРИ СПОРТИСТИ ЗА 2020 – МЛАДИНЦИ

1.Михаил Богдановски,велосипедизам, ВК Пелистер 15 мај
2.Христијан Дракуловски,кошарка, КК Младост
3.Теодора Босеовска,танци,ТСК Спартакус
4.Леа Бошевска,кик лајт,Кик бокс Клуб Самурај
5.Mихаил Петковски,пливање, ПК Југ6.Бобан Петковски,Екстрим бајк тим Битола
7. Михаил Талевски,фудбал,ФК Пелистер
8.Даниел Зхоу Главевски, пинг понг, ППК Мултитекс
9. Марија Јанкуловска,ракомет,ЖРК Пелистер
10.Евгени Ристевски,скијање,СК Пелистер
11.Никола Стојковски,џудо, ЏК Пелистер
12. Јована Павловска,фудбал, ЖФК Атлетико
13.Дамјан Петровски,пливање,ПД Олимпик
14.Ева Трпеновска,одбојка, ОК Пелистер Волеј бол
15. Стефани Ковачева,фудбал, ЖФК Топ гол
16.Анастасија Белевска,ракомет, ЖРК Пелистер.

17. Марох Томи и Димовска Мила, танцов клуб Степ ап 

Антонио Дамјановски и  Зоран Каранфиловски, мото крос за  афирмација на мото спортот.