Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана од напад, давење со двете раце

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-центарот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога сте нападнати со палка, со примена на техники за самоодбрана од реалниот аикидо.

Одбраната од напад, давење со две раце од напред, започнува со тоа што ја прифаќаме неговата лева рака во пределот на лактот, влечеме во лево, правец околу себ. Со десната рака туркаме во пределот на неговиот лев образ. Со десната нога исчекоруваме на страна, во десно, при шо левата нога ја ставаме некаде во пределот над зглобот од неговото десно стапало. Потоа со двете раце вртиме во правец назад-десно, околу себе и го фрламе напаѓачот преку нашата лева нога.На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо, кои се снимени во поранешниот филмски град во Битола.

Заинтересираните за посета на часови за самоодбрана можат да се јават кај Ѓуро Илиќ на телефон 070 206 655 или во просториите на Будо центарот.