Press "Enter" to skip to content

Совети од лабораторија: Алергијата – прва придружничка на пролетта

Авторот е дел од тимот на ПЗУ “Д-р Костурски“ во Битола, во дијагностичкаta биохемиска лабораторија.

Ни доаѓа пролетта со сета своја раскош од мириси и цветови, велиме се буди природата но со неа и алергиските реакции. Наскоро ќе се радуваме на цветањето на дрвата и растенијата, но за некои од нас таа радост ќе биде намалена под тежината на алергиите. Секоја пролет сведочиме на зголемен број на новодијагностицирани пациенти со алергии но и на влошени состојби кај веќе постоечките алергиски заболувања. И се прашуваме што е тоа што ги прави алергиите да го привлечат вниманието на експертите.

Алергијата претставува пореметување на функцијата на имунолошкиот систем односно нејзино прекумерно делување. Организмот на пациентот со алергија прекумерно реагира на некоја специфична супстанца (или на повеќе од нив) која иначе не е штетна и која се наоѓа во нашето опкружување. Таквите супстанци се нарекуваат – алергени. Тие можат да предизвикаат алергија и тогаш кога се присутни во многу мали количини. Значи алергијата е предизвикана од соспствениот имунолошки систем кој инаку го штити телото од различни заболувања така што создава антитела.

Кај луѓето кои не се алергични имунолошкиот систем при привиот контакт го „запамтува“ алергенот како супстанца која не е штетна и „не превзема ништо“ при повторен контакт со нив. Кај луѓето кои се алергични имунолошкиот систем бурно реагира и се изразени симптомите на алергија.

Најчесто споменати супстанции кои се јавуваат во улогата на алергени се полен од повеќе видови на дрва, убод од инсекти, лекови, латекс, житна грина, животински влакна, некои типови на храна (кикирики, јајца, соја, кравје млеко, морски плодови).

Симптоми и знаци на алергиска реакција

Алергиската реакција може да се појави веднаш или неколку сати после контактот со алергенот. Симптомите и знаците можат да бидат локални како на пример оток, чешање но можат да се манифестираат и на целиот организам истовремено. Можат да се варираат од благи симптоми до животозагрозувачки. Знаците можат да се рефлектираат на различни органи и органски системи:

-К, Кожа – црвенило, чешање, осип, егзем, солчење на очите, оток на лицето

-Д, Дишни патишта – зголемена секреција од нос, кивање, сува кашлица, зарипнат глас, отежнато дишење, бронхоспазам

– Ди, Дигестивни симптоми – мачнина, повраќање, болки во стомакот, пролив, потешкотии при голтање

-Кардиоваскуларни симптоми, слабост, малаксалост, бледило, несвестица, пад на крвниот притисок, забрзана работа на срцето

-Анафилаксија, е најтежок облик на алергиска реакција. Може да се јави при првиот или при повторениот контакт со алергенот. Секогаш зафаќа два или повеќе органски системи и најчесто завршува со смртен исход заради престанок на дишењето и циркулациски колапс

Најчесто во амбуланта се среќаваме со алергиски ринитис, алергиски ларингит, алергиски дерматит или астма. Во последниве неколку години особено внимание се полага и на алергијата на лекови и поедини состојки во храната кои се додаваат како адитиви. Понекогаш симптомите не се специфични, едноставно може подолг период да ве мачи само некоја сува и надразнителна кашлица. Ако ваквиот симптом трае подолговреме задолжително треба да се размислува во контекст на алергиска реакција.

Дијагностицирање на алергиите

Дијагностицирањето започнува со преглед на грлото и носната слузница, преглед на дишењето, мерење на заситеност на крвта со кислород, спирометрија и се разбира лабораторски алерго тестови. Најчесто се испитуваат имуноглобулини од класата (IgE) но во поново време ваквите испитувања се со поголемо профилирање на антителата на многу алергени од нашето опкружување.

Можат да се направат кожните скреч тестови (тестови со драскање на кожата и додавање на алергенот) но во последно време се претпочитаат тестовите на кетриџ кој содржи 20 до 30 алергени. Ваквите тестови одредуваат на која класа на ризик припаѓате во однос на развиениот имун одговор. За докажување на алергија рутински може да се направи и бриз од нос во кој се испитува присуството на еозинофили на ниво на носната слузница и ја потврдува дијагнозата на алергиски ринитис.