Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“ Битола: акутен Панкреатитис-акутно воспалување на панкреас

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за ехо на акутен Панкреатитис-акутно воспалување на панкреас, за што вели:

-Панкреасот или заджелудочна жлезда анатомски се додтои од глава со дијаметар до 30 мм корпус или тело до 20 мм и опашка со дијаметар до 25 мм, тој е една од најважните жлезди со ендокрина и егзокрина функција во лачење на многу ензими како амилаза, липаза кои имаат главна улога во метаболизмот на мастите како и во лачење на хормонот инсулин од бета клетки на Лангерханс неопходен за метаболизмот на јагленохидрати и транспорт на гликоза од крвта во клетките, од алфа клетките на панкреасот се лачи и глукагон хормон кој има хипергликемични ефекти.Акутниот панкреатитис е акутно инфламаторно заболување на панкреасот кое се манифестира со гадење, повраќање и силни епигастрични болки  со ирадијација под двата ребрени лака кон грбот, кои го приморуваат пациентот да најди безболна позиција. Етиолошки се развива најчесто поради алкохолна злоупотреба во 40% од болните како и поради опструктивни промени калкули или тумори во холедохусот кои вршат компресија на Вирсунговиот панкреатичен канал на ниво на ампула Ватери при истек во дуоденумот.

Лабораториски акутниот панкреатитис се карактеризира со зголемување на леукоцитите во крвта, како и CRP,amilaza и поспецифичната lipaza. Ултрасонографски често има едематозни промени на панкреас со асцитес, панкреатични псеудоцисти, инхомогени панкреатични абсцеси кога е неопходно и хирушки третман и дренирање.

За лекување е неопходна хоспитализација често изведување на ERCP. нулта диета, H2 блокери, инфузии, антибиотици, аналгетици.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос. 

Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18