-Битола секогаш била дел од поважните случувања за државата, а тука во нашиот град се одржувале значајни настани од културата, спортот, економијата, но не е може да биде да нема и значајни настани од политиката. Еден настан кој се случи во Битола, во почетокот на март 2011 година, е 14. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, започна со своите сеќавања Димче Миновски.-Конгресот во Битола, како и секој политички настан, не е отворен за сите, па така и ние кои бевме таму имавме прилика да бидеме дел само од свечениот дел на Конгресот, а работниот дел ни беше презентиран преку соопштенија, раскажува Миновски и вели:
-Конгресот се одржа под мотото “Вистината секогаш победува“, имаше 617 делегати и над 250 гости, а присуствуваа министри во Владата, претставници на партиите од Коалицијата “За подобра Македонија“, претставници на опозициските партии, претставници на верските заедници, на дипломатскиот кор и на Европската народна партија.
-На конгресот во Битола со вкупно 609 гласови “за“ и само еден глас “воздржан“, Никола Груевски по третпат избран за старо-нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве пред 10 години: ВМРО-ДПМНЕ во Битола, во март 2011 година, го одржа 14. конгрес на партијата (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Фото вест: расцветаните магнолии на плоштадот “Магнолија“
- Деновиве пред 10 години: поставен споменикот “Ангел“ во чест на бранителите (фото)
- Давор Талески: на терен ќе докажеме дека против Силекс во Битола оправдано сме фаворити
- Деновиве пред 10 години: прослава на Светскиот ден на Ромите во Битола, на “Магнолија“ (фотогалерија)
- Низ Битола по априлскиот утрински снег (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер против Пролет и лесно обезбеди Куп-полуфинале
- Пелагониските земјоделци на протест пред подрачната единица во Битола
- 101 оздравени, 80 нови позитивни на ковид-19, хоспитализирани 134, починати 4 лица
- Состанок на општинскиот кризен штаб
- Билтен на МВР: со “форд фиеста“ излетал од патот Битола-Меџитлија