Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: свечена академија на Црвениот крст на Битола (фотогалерија)

-Уште пред многу години, како новинар во Радио Битола, не за мене туку и за целата редакција, една од асоцијациите за месец март, бил денот на крводарителитен и на Црвениот крст, поради искажувањето на хуманост преку дарувањето на крв и помагањето на некој кој има потреба, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство, за рубриката “Деновиве пред 10 години“.-Така и во март 2011 година со свечена академија и културно уметничка програма во Битола беше одбележан Денот на Црвениот крст, а општинската организација на Црвен крст од Битола, тогаш, по петти пат на ваков начин го прослави празникот на Црвениот крст, вели Миновски и додава:-На свечената академија беа презентирани резултатите кои ги постигнаа луѓето од Црвениот крст од Битола, а го кажаа и планот по кој ќе работат за нив во јубилејна 100 година од формирањето на Црвениот крст во Битола. На академијата беа доделени плакети за крводрителите кои имаа најголем број на крводарувања, а беа доделени и плакети за пријателите на Црвениот крст на Битола, а тоа е поедници и институции кои во изминатиот период придонсле за развојот на оваа хуманитарна организација.На свечената акдемија беа присутни гости од Турција, Србија, Словенија и Бугарија. Во култрно-уметничката програма учествуваа битолчани кои традиционално соработуваат со Црвениот крс одржа свечена академија на која беа доделени плакетите за крводарителите со најмногу дарувања крв и плакетите на пријателите на Црвениот крст.Во културно-уметничката програма учествуваа Маргарита Христова – која традуционално ја отпеа химната на Црвениот крст на Битола, Детскиот хор “Звонжиња“, Сефедин Бајрамов, ансамблите “Рудина“ и “Плетенка“.Во текот на денот во фоајето на Народниот театар во Битола беше спроведена традиционална крводарителска акција, во која беа собрани повеќе од 150 крвни единици.