Press "Enter" to skip to content

Битолските поети и ликовните уметници заеднички го одбележаа Светскиот ден на поезијата

Поетите и ликовните уметници од Битола заднички со спојувањето на уметностите, односно  создавачите на  дела со трајна вредност, заеднички го одбележаа Светскиот ден на поезијата. Тие заедно во Битола создадоа целината што ја обединуваат како ново естетско чувство, нова убавина.

Во заедничката активност учстуваа поетите од Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“ Радован П. Цветковски, Кире Неделковски, Златко Жоглев, Милица Димитријовска Радевска, Зоран Пејковски, Гордана Стојановска, Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска-Велјановска, Елизабета  Јончиќ, Даниела Андоновска-Трајковска, Славица Гаџова Свидерска, Биљана Т. Димко, Никола Илијовски, Михајло Свидерски и ликовните уметници Љубица Мешкова-Солак, Александар Тасески-Џинго, Димитар Солаковски и Драган Најденовски.

Сите кои учествуваа живеат и создаваат во Битола, заеднички со лична творечка впечатливост и соработка ја споделувааат таа убавина во чест на Светскиот ден на поезијата.

-Тој што споделува тага ќе ја преполови, тој што споделува радост ќе ја удвои, е пораката која ја упатија битолските поети и ликовни уметници, а е Шведска народна поговорка.

More from КултураMore posts in Култура »