Press "Enter" to skip to content

“Пролетни вибрации“ – ликовна изложба на учениците во Горната гимназија во Битола (фото)

Првиот ден на пролетта, учениците од Горната гимназија во Битола го одбележаа со отворање ликовна изложба под наслов “Пролетни вибрации“.-Оваа тематска изложба организирана од страна на Училишната библиотека е реалирана во соработка со наставникот по ликовна уметност, Александар Поповски, по повод најубавото годишно време, симбол на младоста и убавината и новото раѓање на природата – изјави библиотекарот, м-р Драган Ристевски.На изложбата се претставени дваесеттина ликовни дела на тема пролет од страна на гимназијалци од прва и втора година. И покрај тоа што наставата се одвива без физичко присуство сепак, вредните и талентирани средношколци се одѕваа на предлогот за создавање ликовни творби за пролетта.Со поставката на изложбата “Пролетни вибрации“ во гимназискиот хол, го разубавија просторот на Горната гимназија за сите што работно и заради училишни обврски ја посетуваат Гимназијата во која пред 76 години, официјално, за прв пат во средното образование во Македонија, започна наставата на мајчин македонски јазик.

More from КултураMore posts in Култура »