Press "Enter" to skip to content

Расцутени бадеми, снег и преубав поглед на Битола, неповторлива “слика“ над Смилевски баир (фото)

Убавата розева боја на расцутените бадени, ја има на ридовите над “Бадем Балари“ по што и овој дел на Битола го добил името, и над “Смилевски Баир“, а таа “слика“ надополнета со малку снег кој го има под дрвјата и во осојните места, е неповторлива за овој период од годината, крајот на март.Топлото време кое ја затопли Битола по не така ладната зима, пред последните снежни врнежи кои ги имавме оваа зима, токму за денот на пролетта, со повисоки температури на ридот спроти сонце, над дваесетина степени на сонце, придонесе да расцветаат бадемите.

Но, за жал вчера, кога и се направени фотографиите, само немолкумуна битолчани, кои можат да се избројат на прсти од една рака, уживаа во прекрасниот поглед на Битола, и во убавите цветни аражмани од розевите цветови и зимзелените дрва.Тие кои беа таму, само констаираа:-Бадемите расцутеа пред снегот, пред Кркардаш, кога иамше топло време. Но, снегот не ги “падна“ цветовите, а дали ќе има штета по плодовите ќе видиме. Ние сме малкумина кои шетаме горе над Кркардаш, а ридот кој цел ден со сонце е најубавиот дел од градот за рекреација. Сега со овие модерни болести кои дојдоа којзнае од каде кај нас, се намаливме, лужето се исплашени, не се качуваат тука, да уживаат на сонцето а тоа е лек, тоа е витамин “де“, а друг додаде:-“Е, да му беше оваа убавина на некој друг, тука ќе вриеше од луѓе, а не некогаш да ти е страв да поминеш“ посебно пред зајдисонце, како денес, гледате дека сме пет мина на цел рид.

С.Р.