Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Како се однесуваме, изгледаме, зборуваме… така  воспитуваме

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

За сите  родители кои сакаат добро воспитание на своите деца,  една филозофска мудрост. Кога еден филозоф кога го запрашале  „Како да ги воспитаме своите деца? Тој им одговорил: „Воспитајте се прво себеси“.  Оваа мудра мисла  поттикнува  да размислуваме и станеме свесни за тоа какви родители сме и какви модели на идентификација треба да им бидеме нашите деца. Ова се однесува за сите  родители кои  се соочуваат со предизвикот на воспитување на своите деца денес  во современиот каде  децата растат и ги развиваат своите интелектуални способности, учат на далечина  во услови на современа технологија – мобилни телефони, компјутери,  интернет и социјални мрежи.

Детето мора нас да не впива низ животот

Никој не го воспитува своето дете со упатства. Ниеден родител не им рекол на своите деца да крадат, да се тепаат по натпревар, но некои деца тоа се и го прават. Според тоа станува збор за еден кушлус во воспитниот процес. Проблем се јавува и со  пораките кои му ги пренесуваме на детето. Ако сме контрадикторни во пораките – и да бараме од него да учи, а да му зборуваме дека соседот или некој друг  нема ни школо, ни факултет а  направил пари, куќа со базен и.т.н/ значи постигнал успех во животот без напор, сосема погрешно го насочуваме или му даваме нејасни пораки. Како потоа ќе очекуваме од него да се труди и го засака учењето. Кога пред детето озборуваме  или зборуваме дека училиштето не вреди, тогаш ги збунуваме нашите деца насочувајќи ги погрешно. Ако тато и мама постојано се расправаат и навредуваат со зборови,  а потоа му кажат на своето дете да биде учтиво, пристојно да не вика, и да не се расправа, а тоа е безмислено!

Тука некаде до 10-11 година, зборовите се многу малку присутни во воспитниот процес.  Заради тоа често родителите кажуваат  дека детето  не слуша што му зборуваат да прави. Ако детето го воспитуваме да се почитуваат други луѓе, и ако увидат дека и ние ги почитуваме другите тогаш нема да има проблем. И тоа ќе научи да почитува. Ако ние тоа не го правиме, а бараме од детето, тогаш сме во конфликт, и ниту тоа ни верува нам ниту ние него не му веруваме.  Да ги подучуваме  на етички начин базиран  врз морални принципи. Примери не подбивајќи се со некој (дали има голем нос или е дебел…), ширење на говор на омраза…

Дали ние имамае позитивни навики или само  бараме од детето да ги има.  Дали ги миеме рацете пред и после на ручекот, или само тоа го бараме од детето? Дали ги почитуваме правилата на заштита од вирусот ковид 19 :дезинфицирање, миење раце, носење маска… за да се штитиме од корона вирус?Или зборуваме дека тој не постои…

Детето  гледа што ние правиме.

Гледа како се наведнуваме за да дофатиме нешто, како седиме, како се насмевнуваме, како кажуваме  „Добар ден“ кога доаѓаме дома, или воопшто не кажуваме. Би требало да гледате како ве имитираар вашите деца. Ќе видите многу работи кои  можеби нема да ви бидат пријатни. Ако му кажуваме на детето да биде храбро, а ние се плашиме од се и сешто  (пр. од обичен пајак) тогаш како тоа учи како да биде храбро. Така да  би требало да сме целосно вклучени во воспитниот процес.

Кога некој родител постојано нешто работи и е зафатен и само ги погали своите деца кога поминат покрај него, тој сигурно не ги воспитува децата како што тој би сакал да бидат. Кога постојано сме отсутни надвор од куќата, на работа или на службен пат, надвор од видното поле на детето тогаш ние не го воспитуваме. Тоа се постигнува низ еден процес т.н. да влезе во цивилизација.

Што значи детето да се “цивилизира“?

Детето мора да влезе во некоја цивилизација – да научи како и кога се мијат раце, кога ни се семејните празници, традицијата,  да знае како се седи на маса или не се седи, значи мора да влезе во она што сме ние. Не можеме да го учиме детето на некоја цивилизација во која ние не сме (таму некаде, туку сега и овде). Бидејќи ако вие како родители не им сте во видното поле, тогаш во видно поле ќе им бидат ликовите од телевизија или другу ликови од Интернет и социјалнимрежи: ју тјубери, тик токери, гејмери….

Некое време  порано се гледаа филмови  во кои  точно се знаеше кој е разбојник, а кој е добар а кој е лош. Во сериите што се прикажуваат секоја вечер, не се знае повеќе кој е разбојник, а кој не е. Како во бајките кога лошото секогаш го победува злото. Кој треба да се сака, а кој не треба. А детето сака движење, акција, сака правда.

Прикажување на пример на фудбалски натпревар, па како се тепаат навивачите! Зошто ние да го гледаме инцидентт? Тоа нека го гледа полицијата, а не таткото со детето кое навива за Црвена  Звезда или Барселона на пример.

На социјалните мрежи и Интернет

Има премногу содржини во кои децата не можат да проценат  што е позитивно или негативно….добро или лошо, заради многу лајкови, следачи, сензационализам. Новите идоли на социјалните мрежи  понекогаш се многу шармантни, и децата се идентификуваат со она што го гледаат. На  тинејџерите може да им  бидат интересни и заради храброст кршење на  правила,  зборување на вулгарни зборови. Последен случај на палење на икона, случаи поврзани со следачи на тик токер кој има милионски број следачи на популација девојчиња од 6-12 години. (која ќе биде тема на друг текст во рубриката Совети wwwbitolanews.mk). Тие може да им станат позитивни модели на однесување. Ова особено е значајно денес кога воспитната улога воглавном ја има и преместена  е  во  семејството, бидејќи заради учење од дома (кое го донесе пандемијата) училиштето повеќе  има образовна функција.

Oсновата на конфликтите кои настануваат помеѓу родителите и децата е  кога родителот сака да ја промени природата и структурата на личноста на детето посакувајќи да биде како што тој би сакал да биде. Заради тоа ќе се обидеме да одговориме на прашањето како да воспоставиме правилна комуникација со своето дете?

Кога пораснавме и сами станавме родители сликата на животот добива сосем друга димензија. Ние сме на местото од нашите родители пред некоја деценија и дури сега ги разбираме своите родители и обично многу често се однесуваме исто како нив во воспитувањето илиу завземаме сосема спротивен став или т.н. “стил на родителство“.

Пример, ако сме имале авторитарен родител ние одиме во другата крајност на попоустлив родителски стил и тоа е во ред, бидејќи така сме научиле и родителите  така правеле и ние сметаме дека  имаме најдобри намери. Но сепак постои начин да некои работи за кои мислиме дека можат подобро да функионираат, да се променат. Бидејќи сите ќе се сложиме дека и времињата се промениле.

Комуникација, начинот на кој разговараме со своето дете.

Таа може да биде многу мотивирачка така да со примена на одредени вербални и невербални алатки го направиме за размислување, на активност како и да му ги направиме обврските и задачите поинтересни. Секој родител тука различно постапува и нуди друг модел на однесување. Ние зборуваме дека ги сакаме нашите деца, но тоа не се покажува на начин така што ќе им наметнуваме некои наши рецепти и концепти во воспитанието. Кога ги сакаме нашите деца тогаш се играме со нив кога се мали. Кога имаат 4-5 години, понекогаш им бараме да ни помогнат во куќата, да ни додадат крпа, да направат нешто, да ни донесат, однесат. тоа е едно играње за детето, а за нас е работа. Заради тоа на детето му е потребен авторитет на чесно и естетско однесување. Што е тоа естетско однесување?

Секое семејство,секое мало во градот, градот посебно има своја естетика. Тоа е принцип. Мајката да биде уредна, дотерана, куќата средена и.т.н.  При тоа точно се знае што се очекува од членовите на семејството. Се поставува прашање дали ние на нашето дете му импонираме како луѓе, за да тие би не имитирале и би им биле модели на идентификација?

Или ние сме за нив некои татко и мајка , а тоа може да имитира некои други, кои му се поупадливи, поблиски, поприметливи? Естетиката е взаемно почитување, да детето од мали нозе го воспитуваме да почитува други.  На пример имате семејства каде викендот се поминува дома со телевизор, компјутер или мобилен телефон – пасивно и со слаба комуникација помеѓу членовите од семејството, а постојат и семејства каде секој викенд се поминува на прошетка, во парк излет, на викенд – активно.

Препорака, животот не е тест, тоа е експеримент – затоа пробајте нешто ново

Покрај се ве молам додека го читате цело ова имајте на ум – нема совршени деца, родители, семејства. За вашите родителски вештини никој нема да ве оценува. Никој не ви брои бодови. Не морате да бидете совршени и не можете да бидете. Сигурно ќе грешите. Некои грешки ќе ве доведат до привремени маки, но поминувањето низ тие маки не прави појаки, и ни го продлабочува животот. Никој не проаѓа низ родителството без понекоја мака. Прифатете ја таа вистина и заклучите дека така полесно ќе бидете добар родител. Тоа е вистина и треба да ја прифатите.