Press "Enter" to skip to content

МПЦ “Св. Петка“ од Рогдејл, Австралија наскоро со галерија на икони (фото)

Иако до ден, денес не се завршени комплетно судските спорови кои владиката Петар повеќе од дваесетина години ги води против црковната општина “Св. Петка“ од Рогдејл, сепак има договор на помирување. Секој од инволвираните страни треба да си ги подмири своите трошкови. Кој колку јал и пил толку ќе си плати. Но, повеќе за тоа во некое друго време.

Иако МПЦ “Св. Петка“ беше воведена во мошне незавидна состојба, оставена седум години без свештеник, и со неколку стотини судски рочишта и милионски суми платени на адвокатските фирми, Семоќниот Господ Бог успеа после дваесетина години да ги вразуми нашите Великодостојници и да се изнајде решение за ставање крај на сите зулуми кои им се правеа на ревносните верници на “Света Преподобна Параскева Петка“ и воопшто во Македонската заедница на петтиот континент.

До целосното затварање на овој историски судски спор ќе треба уште доста време. Работите се доста комплицирани, и има многу документи и сметки кои треба да се ревидираат пред ставањето на финалниот потпис на двајцата Митрополити на сега двете епархии кои делуваат на територијата на Австралија – на Австралиско- новозеландската владиката Петар, и на Австралиско-сиднејската Митрополитот Тимотеј.

Управата на МПЦ “Света Петка“ од Рогдејл и овојпат нај искрено му се заблагодарува на надлежниот Архиереј митрополитот Тимотеј за неговиот голем придонес во изнаоѓање на помирувачко решение без победници и победени. Во овие тешки времиња засегнати со вирусот ковид 19, “Св Петка“ добро се справува и се подновува. Се работи на отворање на галерија на икони. Тука покрај иконите ќе бидат изложени и стари реликвии кои се користеле во црквата, првите икони кои беа подарени од верниците на иконостасот веќе се монтирани во галеријата.

Црквата е подновена со нов иконостас изработен во Битола од Мирко Гашпарец, монтирани се нови икони на иконостасот изработени во иконописната школа во Струмица, наскоро се очекува да се продолжи со фрескописот во црквата кој беше прекинат поради големите судски трошкови. Монтирани се нови столици во резба изработени од рацете на младиот мошне талентиран мајстор Никола Костовски од Охрид.

Над влезната врата на црквата “Св. Петка“ во Рогдејл според традицијата, која е и пракса во црквите и манастирите во Република Македонија да стои икона мозаик на светецот на кого е посветен храмот, изработен е мозаик на патронот на црквата “Св. Петка“ од познатиот уметник Даниела Недеска сопруга на парохискиот свештеник Владо Недески. Даниела Недеска е дипломиран ликовен уметник, отсек сликарство и конзервација и реставрација. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »