Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер поразен во СЕХА лигат во Словачка

Татран Прешов – Еурофарм Пелистер 32:28 (16:14)

Еурофарм Пелистер од Битола е поразен од Татран Прешов на гостувањето во Словачка со резултат 32:28, полувреме 16:14 , а воедно ова е втор пораз во лигата.

На отврањето на натпреварот беше рамноправна играта, а домаќинот, 10. минута за првпат поведе со три гола разлика 8:5.  Во последните десет минути од првиот дел се влезе со позитива на Татран од четири гола, 12:8. а на полувреме се замина со два гола предност на домаќинот 16:14.И вториот дел Татран се движеше од два до три гола предност, но кон средината на второто полувреме битолчани по подолго време го израмнија резултатот. Но, наместо продолжување на таквата игра следуваше нов пад кој го искористи Татран за конечна победа од 32:28.

Периќ со девет и Мандалиниќ со седум гола беа најпрецизните ракометари во редовите на Пелистер.