Press "Enter" to skip to content

Нова победа во гости на Топ гол на гостувањето во Радовиш

Плачковица – Топ Гол 0:3 (0:2)

Со конечен резултат од 0:3, полувреме 0:2, тимот од Битола, Топ Гол ја совладаа екипата на Плачковица на денешното гостување во Радовиш во рамките на 21. коло од Првата женска фудбалска лига.

Стрелци на головите за Топ Гол кои им донесоа победа и нови значајни бодви беа  босанската интернационалка Миќановиќ во 8. минута и Бумбаровска во 38. и 61. минута  од натпреварот.

-Честитки за остварената победа и освоените нови три бода. Влеговме во победничка серија и ќе мора да продолжиме со ова темпо. Што се однесува до натпреварот можевме да реализираме уште неколку шанси за гол. Браво за фер-плеј играта на двете екипи, изјави Кире Грбевски, тренер на Топ Гол

За Топ гол настапија: Павлоска, Бумбаровска, Најдовска, Стојковска, Гоцевска, Јанкоска, Миќановиќ, Јанковска, Петровска, Гелевска и Дамева, а уште играа и Љондевска, Димитровски, Татиќ, Трајчевска и Ковачева.

Во цледното 22. коло екипата на Топ гол во Битола, на “Ќумурно“ ја пречекува екипата на Кочани.