Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хеликобактер пилори -бактерија предизвикувач на гастритис,чир и карцином на желудникот

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува хеликобактер пилори -бактерија за што вели:-Хеликобактер пилори -H.P  e грам негативна бактеријата која е откриена во 1982 година во Австралија со форма на хелихоптер на нејзините флагели кои служат за движење, ја колонизира желудочната слузница. Патот на трансмисија не е јасен фекално орален се претпоставува да улога имат лошите хигиенски навики(неправилно миени зеленчук и овошје и користење контаминирана вода,немиење на рацете пред оброк) поради што е почеста во земјите во развој. Клинички најчесто асимптоматски но и со појава на надуеност и болки во стомакот, гадење, кркорење на цревата. Лачењето на различни токсини од хеликобактер е одговорно за оштетување на слузницата на желудникот и се смета за предизвикувач на чир на желудник и дуоденум, карцином на желудник и гастритис. Најчесто се дијагностицира со серумски анализи и анализа на фецес, брз уреаза тест на плочка, уреаза издишен тест и гастроентерохепатолошки инвазивно со хистолошко докажување на биоптичен примерок, култивирање итн!                  

Храната која се внесува треба да е брокула, лук, ѓумбир, куркума, зелен чај, а да се внимава со внес на легуминози, компири, газирани пијалоци, чипси. Лекувањето е со тројна терапија која се контролира по 6месеци од завршеното лекување.