Press "Enter" to skip to content

Уште една домашна победа на Пелистер Волеј со максимален учинок (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Ускана 3:0

(25:15; 25:17; 25:17)

Со спортската сала на медицинското ичилиште во Битола, одбојкарките на Пелисер Волеј забележаа уште една победа на нашите одбојкарки, трета во низа, или единаесетта прволигашка победа. Одбојкарките на Пелистер Волеј забележаа победа во која имаа апсолутна контрола на резултатот, доминација на секое поле, победа во која Пелистер го диктираше темпото од почеток до крај.Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, по победата рече:-Битола треба да е горда на овие девојки, кои даваат се од себе да ја издржат оваа набиена агенда и тоа не било како, туку со висок ритам, во топ форма, физички беспрекорно  подготвени Оваа сезона одбојкарките се со рекорден број на победи да ја радуваат својата публика, која иако не е на трибините, сега има можност да не следи во живо токму овде на нашата фан страна, на секој натпревар кој се игра во Битола.Поените ги освоија: Ана Пејовска 12, Стефани Најдановска 9, Ивана Белокозовска 8, Меланија Каралиоска 8, Ева Трпеновска 8, Јана Василевска 5 и Михаела Цветановска 4.