Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: во Битола ЛДП ја промовираше изборната програма

Пред 10 години во Битола, поточно од Битола тргна, под мотото “Има излез за Македонија“ промоцијата на изборната програма на Либерално демократската партија, која се случи во салата на Народниот театар, започна со своите сеќавања за 2011 година, во април, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Морам да кажам дека еден од гоорниците на промоцијата на програмата бев и јас, присуствуваа тогашниот лидер на ЛДП, Јован Манасиевски, потпретседателот на партијата и актуелен пратеник Андреј Жерновски, екс градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, кандидатот за претседател на република Македонија Нано Ружин. На промоцијата зборуваше и тогашниот претседателот на Општинската организација Валентин Груевски, вели Миновски, кој додава:-Сите говорници на промоцијата на програмата, која претходно им беше поделена на
присутните, истакнаа дека гласот за ЛДП не е изгубен глас, како што тврдат двете најголеми политички партии, туку тој е глас за себе. Економската модернизација и демократската ревитализација на земјата се двете клучни цели за кои ќе се залага ЛДП на претстојните парламентрани избори.Мора да се спомене и дека ЛДП се залага Парламентот во иднина да брои 90 пратеници, а воедно и за драстично смалување на бројот на министерствата, кои според оваа партија треба од 22 да се рационализираат на само 12, како и за укинување на функционерските места како што се заменици министри, или министри без ресор и за драстично смалување на бројот на државните институции.