Денес на градскиот стадион под тумбекафе во Битила ќе се одигра вечното дерби на македонскиот фудбал, помеќу Пелистер и Вардар, но за жел ќе го нема вистинското значењем бидејчи двете екипи сега водат битка за опстанок во Првата лига, а до сега само едваш во историјата на ПМФЛ, двете екипи од Битола и Скопје воделе директна битка за опстанок.
Пред денешното вечни дерби во Битола, “пелистерци“ имаат два бода повеќе на табелата, а ја имаат фаворитската улога и заради играчкиот кадар пролетва, и се поблиску до целта.
Ова е последна битка меѓу двете екипи за опстанок во лигата, а Пелистер во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, влегува како фаворит, но, тренерот Димитар Капинковски вели дека не смее да има опуштање во неговиот тим за што поука и првиот меѓусебен дуел оваа пролет во Скопје кој заврши без победник, 2-2 и вели:
-Ова е дерби кое секогаш е интересно. Кажав и пред натпреварот во Скопје, нема изразити фаворити, без разлика на форма, бодови и ситуација во клубови. Видовме дека претходниот натпревар заврши 2:2, со доста голови и фудбал. Се надевам на таков натпревар и во Битола. Секој си има свои математики, а ние како и на секој дуел играме до максимум и да ги освоиме бодовите. Вардар има промени во играчкиот кадар и стручниот штаб. Сигурно дека имаат свои математики, екипата има потенцијал и квалитет. Но, работите зависат и од нас. Ако одиграме како што знаеме, верувам дека ќе ги освоиме потребните бодови.