Press "Enter" to skip to content

Капинковски: направивме голем чекор, а трите бода носат самодоверба кај сите

Екипата на Пелистер со вчерашната победа, под Тумбекафе, во Битола, над Вардар во вечното дерби направи голем чекор кон целта која ја имаат, а таа е опстанок во лигата. Оваа пролетна сезона “пелистерци“ предводени од Димитар Капинковски, играат одлично на домашен и на гостински терен, победија на три натпревари во Битола, и имаат само еден пораз.

Младиот тренер за вчерашното вечно дерби кое заврши 2:0 и освоените бодови вели:

-Честитки за моите фудбалери, мислам дека заслуживме да победиме. Од почетокот влеговме сериозно, креиравме повеќе шанси, постигнавме два гола и заслуживме да се радуваме. Сепак е ова најголем натпревар во мак-фудбалот, игравме по лошо време и натопен терен и треба да им се честита на фудбалерите. Направивме голем чекор кон остварување на целта и овие три бода ќе ни дадат дополнителна самодоверба. Честитки и за Вардар, покажаа дека де одлична екипа, полна со младински репрезентативци и никогаш не е лесно да го совладаш Вардар“, ни изјави тренерот на битолчани.