Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: самодоверба, како да ја развиете кај своето дете

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.

Самодоверба или позитивна слика за себе е дел од  емоционалната интелегенција. Таа може да се јакне и развива.

Препораки за родителите кои сакаат да станат свесни како да ја поттикнат самодовербата кај своето дете.

1. Посветете му на детето доволно внимание и време кога сте заедно. Како родители ние мораме да бидеме секогаш тука за своето дете. Да му посветиме внимание. Така на пример ако шетате со детето немојте да ги испуштите моментите заедно за да гледате во телефонот и.т.н.

2. Исправувајте ги нежно грешките на детето. Би требало да бидете трпеливи при однесувањето со вашето дете. Ако направи грешка треба да се решава на мирен начин-  иако сме лути или бесни.

3. Немојте на детето да му зборувате – дека е безобразно, “смотано“, глупаво, во ситуации кога сте лути или на саркастичен начин. ( „За ништо не те бидува“, „ баш си неспретен“, „Сите те надминаа“).4. Не му говорете ни – како е лукаво, паметно или добро.

5. Поставете граници и бидете одлучни во одлуките кои ги донесувате.

6. Поттикнете развивање на неговата самостојност давајќи му обврски.

7. Избегнувајте споредби. Не го споредувајте со браќа, сестри, другари. Никој не е подобар или полош од другиот.

8. Нагласете го трудот што го вложува, а не постигнатите резултати.9. Немојте претерано да му ласкате и бидете конкретни. Пример, одлично ја среди својата соба, баш си уреден.

10. Разберете ги чувствата на детето.

11. Немојте премногу да го штитите детето. Не го контролирајте во секој момент.

12. Посветете се на секое дете од своите. Обрнете внимание како секое дете се чувствува.

Со текстoвите повразани со родителство, ќе се трудиме да ви помогнеме со препораки и совети како до подобро да го насочувате детето низ воспитувањето како нормален, емоционален и спонтан однос.