Press "Enter" to skip to content

“Месецот на Франкофонијата“ одбележан со низа активности во  ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола (фото+видео)

„Да зборувате на друг јазик, да бидете во можност да се изразите и да испратите порака за да разберат многу повеќе луѓе – е огромно богатство“ – ни порачаа во своето обраќање ученичките Јана Марковска и Бисера Салевска од VII-a одделение на приредба која се случуваше во училишниот двор во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.Повод одбележување на „Месецот на Франкофонијата“ во кој се организираа голем број активности  со цел да го прослават изучувањето на францускиот јазик, Христина Мицевска, наставник по француски јазик во училиштето ни објасни:

-Францускиот јазик во Битола е присутен долго време и тука постои долгогодишна традиција на негово изучување Учениците од нашето училиште со својата изведба не само што сакаа да остават и свој белег во оваа традиција, туку и да испратат порака за љубов, пријателство, толеранција, за убавината да се зборува на француски јазик.Како дел од оваа изведба настапија ученичката Андреа Нешковска од VII-a одд., со рецитација на поемата “Déjeuner du matin” од Жак Превер, Ученичките Анастасија Стерјева, Аурора Де Ангелис од VII-a одд. И Матеа Коцевска од VII-б одд. настапија со своја интерпретација на песната “La dernière danse”.Учениците од II-б одд., под водство на одделенскиот наставник Магдалена Гурабиевска ја изведоа песничката “Si tu aimes le soleil”со интересни маски.Покрај приредбата,  во „Месецот н Франкофонија“ на часовите по француски јазик,  се одбележа  и денот на раѓање на големиот уметник Винсент Ван Гог – 30 март. Учениците се  запознавај  со неговата биографија и ремек дела.  Франкофонијата се пред сè луѓе кои споделуваат заеднички јазик – францускиот јазик. Но, тоа е и организација чија цел е да ги промовира францускиот јазик и културната и јазичната разновидност, како и мирот, демократијата и човековите права, организација во која што и нашата држава е полноправна членка.

Жанета Ристевска